(фото) Го виделе Путин како вози камион, а потоа се случило ова

0 Shares

Зад воланот во камион, рускиот претседател, Владимир Путин, го отвори Кримскиот мост што го поврзува Крим со Русија. По него се движеше колона од градежни возила, во чиишто состав беа 35 камиони, кранови, цистерни и друга опрема за изградба на мостот.

По пристигнувањето на другиот крај на 19-километарскиот мост, Путин присуствуваше на концерт по повод отворањето на објектот, каде пееја ѕвездите од руската естрада.

На концертот, Путин изјави дека отворањето на Кримскиот мост е историски чин.

„Се случи чудо!“, извика Путин и им честита на градителите за успешно завршениот проект.

Изградбата на мостот што почна во февруари 2016 година, Русија му ја довери на милијардерот Аркадиј Ротенберг, кој му е партнер на Путин во џудо. Според уредбата објавена на владината интернет-страница, „Стројгазмонтаж“ изградбата на мостот требаше да се финишира до декември годинава по цена што не би требало да надмине 2,9 милијарди евра. Но, за време на посетата во март, неколку дена пред победата на претседателските избори, Путин побара мостот да биде подготвен веќе месецов за да можат луѓето да го користат во текот на летото.

Мостот денеска беше отворен за автомобили и автобуси, а возовите ќе почнат да сообраќаат кон крајот на 2019 година.

Според Европскиот суд на правдата, изградбата на мостот го поткопува територијалниот интегритет на Украина. При посетата на градилиштето во март, Путин истакна дека последниот руски цар, Николај Втори, и Хитлер во Втората светска војна исто така сакале да изградат мост меѓу Крим и Русија, но првиот во намерата бил спречен од Првата светска војна, а вториот од жестоките бомбашки напади.

Крим важи за популарна туристичка дестинација меѓу Русите, а руските туристи се еден од главните извори на приход за овој полуостров познат по плажите и планините што се ронат и распаѓаат во Црното Море.

0 Shares