Пакуваната вода „Изворска“ отсега достапна во нова амбалажа од 0,75 литри

Компанијата „Кожувчанка ДОО“, која во Република Македонија важи за една од компаниите што секогаш ги следат светските трендови, се надградува и подобрува во поглед на квалитет и новитети.

Имено, како што информираат од компанијата, брендот „Изворска“ покрај пакувањата од 1,5; 1; 0,5; 6 и 10 литри во ПЕТ-амбалажа и 0,33 литри во стакло, на пазарот сега е присутна и со новата амбалажа од 0,75 литри – „Изворска спорт“.

Новитетот „Изворска спорт“ од 0,75 литри има капаче во форма на цуцла, за комплетно спортско уживање и за сите генерации, стои во соопштението на компанијата.

Инаку, брендот „Изворска“ во екоамбалажа е со чист, едноставен дизајн, а решението за ребреста амбалажа ја прави лесно рециклирачка за секој корисник. Водата е полнета од најчистиот предел, локалитетот Васов Град на Кожуф Планина, потенцираат од компанијата „Кожувчанка“.

ВО ТРЕНД