Разбиена група фалсификатори, за 20 000 долари печателе пасоши и визи за САД

0 Shares

Албанската полиција во соработка со полиции од неколку земји разби голема група фалсификатори на пасоши и визи за САД. Во акцијата се уапсени 41 лице – најголемиот број од фалсификаторите се од Тирана и други градови во Албанија. Албанската полиција соопшти дека во групата фалсификатори имало и двајца припадници на полицијата.

Во соопштението на полицијата и обвинителството се оценува дека акцијата наречена ,,272“ била помогната и од странски служби. Истиот извор наведува дека се откриени 2 лаборатории за фалсификување пасоши и визи на САД во Албанија, додека седум се откриени во Грција, од страна на грчките власти.

Групата фалсификатори добивала по 2о илјади долари за пасош и виза. Апликантите со фалсификувани пасоши од Албанија, Црна Гора, Грција, Франција и Норвешка се упатувале кон САД, Канада и Велика Британија.

К.М.

(Makfax)

0 Shares