Вучиќ: Опседнат сум со Косово

0 Shares

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во интервју за „Фајненшал тајмс” вели дека е опседнат со Косово и дека без решение на тој проблем сè што е остварено до сега нема да биде одржливо.

„Опседнат сум со Косово. Ако не го решиме тој проблем, сè што до сега сме постигнале нема да биде одржливо. Првата криза би нè уништила”, изјави Вучиќ. Тој го поддржува членството во ЕУ како катализатор на промени нагласувајќи дека уште една војна би ја уништила земјата и иднината на српскиот народ засекогаш.

Тој посочува и јасно му порачал на рускиот претседател дека Србија останува на европскиот пат. Вели дека не учествува на натпревар за што поголема популарност и дека нема потреба да биде сакан и прифатен. „Србија произведе повеќе историја од што може да прифати. Најважната работа е да се сочува мирот”, заклучува Вучиќ.

0 Shares