Бесплатни обуки за напредни ИТ вештини за невработени лица

0 Shares

Започна вториот циклус на бесплатни обуки за јава програмери и софтвер тестери, едни од најбараните профили на пазарот на трудот во ИТ индустријата. На проектот организиран од Агенција за вработување во соработка со Семос Едукација како спроведувач на обуките, ќе можат да се пријавуваат сите невработени лица кои се заинтересирани за еден од следните програмски пакети: ORACLE – официјална обука за Java SE8 Programmer или ISTQB – официјална обука за тестери за квалитет на софтвер.

Иако станува збор за напредни ИТ вештини, кандидатите не е потребно да имаат претходни познавања во оваа област, односно потребно е само познавање на основните компјутерски вештини. Kандидатите потребно е да имаат минимум завршено средно образование и да бидат евидентирани како невработени лица без разлика на нивната возраст. Обуките ќе се спроведуваат во период од 2 до 4 месеци вклучувајќи настава со користење на официјална литература, подготовка на кандидатите за сертификација и спроведување на испити за стекнување со меѓународно признаен сертификат.

Заинтересираните ќе може да се пријавуваат во сите канцеларии во Агенција за вработување на Република Македонија, a огласот ќе биде отворен сè до целосно пополнување на предвидениот број на кандидати.

0 Shares