Демонстрации во Скопје – еве што ќе се случува

Здружението за заштита на граѓанските права „Но пасаран“ најави дека во 12.30 часот пред Врховниот суд во Скопје ќе одржи мирен протест против криминалното и корумпирано судство.

Здружението „Но пасаран“ пред судот јавно ќе ги прочита имињата на 44 судии од Основниот суд 2 и Апелација, кои спротивно на законот воделе судски постапки и носеле решенија со кои ги оштетиле граѓаните.

На протестот ќе бидат побарани оставки од одговорните лица и прием во Врховен суд.