Ја силувал ќерката и нејзините пријателки за од нив да ги „истера злите духови“

Маж од Шпанија е обвинет дека ја силувал својата 15-годишна ќерка и нејзините две пријателки откако им кажал дека во себе имаат зли духови.

Наводно, мажот во неколку наврати ги силувал жртвите во својот дом во близина на Барселона.

Странските медиуми пренесоа дека неговата сопруга знаела за силувањата.

Мажот тврди дека некои лица му наложиле дека мора да ги силува девојчињата бидејќи во спротивно ќе го проколнеле неговото семејство.

Обвинителите за него бараат затворска казна од 45 години, додека неговата сопруга би можела да биде осудена на девет години.