Латас на судење за викендичките во Зелениково

0 Shares

Во кривичниот суд во Скопје треба да почне судскиот процес на СЈО, познат како „Тревник“, во кој првообвинет е Драган Павловиќ – Латас, заедно со Срѓан и Ѕвездан Павловиќ. Специјалното јавно обвинителство ги обвини за бесправна градба на три куќи во Зелениково. Претходното рочиште беше одложено по барање на адвокатите на Латас.

Според обвинението, во временскиот период од јули 2011 година до јануари 2013 година во општина Зелениково, спротивно на Законот за градење, обвинетите граделе без одобрение од надлежен орган, на земјиште кое е во нивна сопственост. Ова е второ обвинение за Латас по обвинението „Тотал“ каде што тој е обвинет дека затајувал данок.

(Makfax)

0 Shares