На социјалните мрежи договориле состанок, кога се сретнале, се обидел да ја силува

Дваесет и седумгодишна велешанка вчера во полиција пријавила дека прилепчанец на возраст од 31 година се обидел да ја силува.

Како што кажала во полиција, двајцата претходно оствариле комуникација на социјалните мрежи и договориле средба во Велес.

Со автомобилот на прилепчанецот отишле на костурницата во Велес, каде што тој ја присилувал на сексуален однос. Кога го одбила, почнал да ја удира. Девојката паднала во бесвест по што напаѓачот ја оставил во близина на Младинскиот парк и заминал во непознат правец.

Со возило на итната медицинска помош девојката била пренесена во болница. Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот.