Полицајци упаднаа во домот на поранешен премиер

Полицијата упаднала вечерва во домот на поранешниот премиер на Малезија – Наџиб Разак.

Првичните информации кои се темелат на изјави на очевидци се дека повеќе полицајци пристигнале во куќата на Разак, набрзо откако тој се вратил од вечерната молитва во џамија.

Засега нема информации за причините за упадот на полицајците во домот на Разак.

Досега владејачката коалиција на Разак, Националниот фронт, претрпе пораз на изборите на 9 мај, по што викендов новите власти му забранија на поранешниот премиер да ја напушти земјата.

Во текот на изборната кампања опозицијата го обвинуваше Разак за злоупотреби на средства од државните фондови.