САД се надеваат дека ќе има состанок меѓу Трап и Ким

0 Shares

Администрацијата на претседателот Доналд Трамп сè уште се надева дека самитот со Северна Кореја ќе се одржи и покрај заканите за откажување, објави Би-би-си. Портпаролот на Белата куќа соопшти дека претседателот на САД е подготвен за самитот.

Неколку часа претходно Северна Кореја објави луто соопштение, преку кое најави можно откажување од состанокот поради притисокот на САД за денуклеаризација на Северна Кореја. Инаку, состанокот на највисоко ниво, меѓу Трамп и Ким, е закажан за 12 јуни.

„Претседателот е подготвен ако состанокот се одржи. Ако не се одржи, тогаш продолжуваме со кампњата со максимален притисок“, соопшти портпаролот на Белата куќа, Сара Сандерс.

Администрацијата на Трамп, сепак, потврди дека ќе продолжи да инсистира на денуклеаризација на Корејскиот Полуостров.

0 Shares