Судот ја прифати гаранцијата за Едмонд Темелко за укинување на куќниот притвор

0 Shares

Судот ја прифати гаранцијата за укинување на куќниот притвор за Едмонд Темелко, обвинет во предметот „Титаник“.

„Кривичниот совет, постапувајќи по предлог на одбраната на обвинетиот Е.Т., обвинет во предметот со КОК, бр 7/18, од обвинителството означен како „Титаник“, донесе решение со кое го уважи предлогот за укинување на мерката куќен притвор со понудена гаранција во недвижен имот, со кое по правосилноста на решението и запишување на хипотеката од страна на Агенцијата за катастар, мерката куќен притвор ќе се укине и се уважува предлогот на СЈО со кој заради обезбедување присуство во текот на постапката, му се определуваат мерки за претпазливост“, соопшти Основниот суд Скопје 1 Скопје.

Обвинетиот еднаш неделно има обврска да се јавува во Основниот суд Ресен, а привремено му се одземаат патната и други исправи за преминување на државната граница, како и забрана за нејзино издавање.

Темелко претходно беше притворен по барање на специјалното јавно обвинителство во предметот „Титаник“, што се однесува на изборни нерегуларности. Во случајот „Титаник“ на СЈО се гонат и ексминистри и политичари, меѓу кои и поранешниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Мартин Протоѓер и Кирил Божиновски.(Makfax)

0 Shares