Вечерва Србија е во црно: Се урна мал авион во Белград – има настрадани

Две лица настрадале вечерва кога мал спортски авион се урнал близу аеродромот „13 мај“ во Земун Поље во околината на Белград.

Според портпаролката на белградската служба на Брза помош Нада Мацура, при падот на „ултралесниот авион“ настрадале маж и жена.

Мацура во изјава за Танјуг нагласи дека Брзата помош била известена за уривањето на леталото во 19:18 часот.

Причините за падот на авионот и повеќе детали за несреќата засега не се познати.