(Видео) По Путин, Кримскиот мост го преминаа и „ноќните волци“

Кримскиот мост вчера и официјално беше отворен за сообраќај. Прв го премина рускиот претседател Владимир Путин, возејќи камион. По него, мостот го преминаа и моторџиите познати како „Ноќни волци“.

Како што пренесоа руските медиуми, меѓу првите кои, по рускиот претседател, преминале од континенталниот дел на Русија кон полуостровот Крим, биле официјалната претставничка на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова и водачот на руските моторџии „Ноќни волци“, Александар Залдостанов Хирург.

Од Таман, рано наутро тргнала колона од автомобили и мотори. Мостот први го преминале локалните жители, неговите градители, ветераните и Захарова. Потоа мостот го преминале и „Ноќните волци“ предводени од Залдостанов.