ВМРО-ДПМНЕ: Долговите растат, градежништвото е во пад

Македонија под водство на СДСМ забрзано оди кон банкрот, предупредува ВМРО-ДПМНЕ, критикувајќи ги економските политики.

„Министерството за финансии вчера се задолжи над 16 милиони евра, тоа е второ задолжување во текот на мај откако минатата недела власта позајми 9 милиони евра. Неоснованото задолжување придонесе јавниот долг да надмине 5 милијарди евра, а државниот 4 милијарди. Само во првите три месеци од годината новогенерираниот долг изнесува над 300 милиони евра, а притоа нема ниту една капитална инвестиција, а економијата тоне. Градежништвото, еден од носечките столбови на економијата, е во пад. Бројот на издадени градежни дозволи е 45 проценти помал, а истовремено нивото на реализирани капитални инвестиции во првиот квартал од 2018 година е само 7,4 проценти, што е јасен показател дека економијата тоне“, се вели во соопштението на опозицијата.

промо

промо

Понатаму, се додава дека економските услови се сè полоши, покачувањето на акцизата на нафтените деривати е дестимулативно за економијата, исто како и најавеното покачување на данокот на доход.

Во тренд…