Ципрас со неочекуван потег пред средбата со Заев – еве што порача на твитер

Направен е напредок, но има уште пат да се изоди, напиша синоќа на твитер грчкиот премиер Алексис Ципрас во однос на преговорите за името, објавувајќи фотографии од подготвителниот самит на партијата на европските социјалисти во Софија.

На самитот на партијата на европските социјалисти, лидерите ги поздравија досегашните наши напори за да најдеме заемно прифатливо решение за името. Истакнаа дека само прогресивни лидери би можеле да го постигнат тоа.

Им се заблагодарив, признав дека се направени многу чекори на напредок, но има уште пат да се изоди. Последните метри се секогаш најтешки, напиша Ципрас.