Страшна несреќа на Партизанска: Прегазено е едно лице

0 Shares

На 17.05.2018 година околу 10.50 часот на крстосницата од бул.„Партизански Одреди“ со ул.„Никола Парапунов“ во Скопје, И.С. (19) од Скопје, управувајќи патничко возило „Фиат“ со скопски регистарски ознаки, удрила во пешакот Л.Ф. (81) од Скопје.

Од ударот, Л.Ф. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Градска општа болница „8-ми Септември“.

По укажаната лекарска помош тој бил препратен на Клиника за торакална хирургија при комплексот клиники „Мајка Тереза“ на понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

0 Shares