Трамп му возврати на Туск: ЕУ беше ужасна кон нас

Американскиот претседател Доналд Трамп одговори на критиките на претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, наведувајќи дека ЕУ ужасно се однесувала во трговските односи со САД. Туск претходно на „Твитер“ напиша дека на оној што има пријатели како Трамп не му се потребни непријатели.

„Но, искрено, ЕУ би требало да биде благодарна. Благодарение на Трамп, се ослободивме од сите илузии“, напиша Туск. Претседателот Трамп му се пожалил на генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. „Загубивме 151 милијарда долари во размената со ЕУ“, навел тој.