Без вода делови на Центар и Аеродром

Од ЈП „Водовод и канализација“ на Град Скопје информираат дека поради изведување приклучок на водоводна мрежа со пречник 80 мм на локација на ул. Мирче Оровчанец бр. 13, денеска (среда) без вода ќе останат корисниците покрај посочената локација на истоимената улица, од 9:00 часот до завршување на интервенцијата (општина Центар).

Исто така, поради реконструкција на водоводна мрежа со пречник 80 мм на локација покрај ул. Блажо Орландиќ во населба „Лисиче“, денеска (среда) без вода ќе останат корисниците покрај посочената локација на истоимената улица, од 9:30 часот до завршување на интервенцијата (општина Аеродром).