Груевски, Јанакиески, Рангелова на судење за „шлаканиците“ во Центар

0 Shares

На првиот ден од јуни во кривичниот суд е закажно продолжението на главната расправа за предметот на СЈО, „Насилство“, во кое првообвинет е експремиерот Никола Груевски. Претходното судење беше одложено поради неможноста претседателот на кривичниот суд, Иван Џолев, веднаш да одлучи по барањето за изземање на судискиот судија во предметот, Душан Јосифов. Во меѓувреме Џолев донесе одлука и не го прифати барањето за изземање.

Првото судско рочиште за предметот се одржа на 21 ноември 2016 година. Судијата Душан Јосифов, кој го наследи предметот од Татјана Михајлова, закажува месечно по 1 до 2 рочишта за овој предмет.

Обвинетите Никола Груевски, Миле Јанакиески, Даниела Рангелова и уште девет лица пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. Вина во најстариот судски случај на СЈО, признаа четвртообвинетиот Томислав Лазаров и петообвинетиот Јордан Ристевски и добија условни казни.

Обвинетите во предметот „Насилство во Центар“ се товарат за поттикнување насилството пред општина Центар во јуни 2013 година.

0 Shares