Талибанците ги отфрлија наводите за мировни преговори

Талибанците категорично ја отфрлија изјавата за контакти и дијалог со владата во Кабул, која ја дал командант на меѓународните сили во Авганистан. Портпаролот на талибанците, Забиулах Муджахид, рекол дека наводите на американскиот генерал Џон Николсон се неосновани тврдења.

Николсон рекол дека талибанските лидери на високиот и средниот ранг разговарале со Авганистанците и додал дека во разговорите се вклучени и неименувани меѓународни организации, странски влади и други заинтересирани страни.