(видео) Груби со неочекуван потег на собраниската говорница

Пратеникот од ДУИ Артан Груби ја повика опозицијата да гласа ЗА изборот на новите министри. Тој побара поддршка бидејќи, според него, целта не е само за проширување на мнозинство туку широка коалиција за евро-атлантска Македонија.

-Тука зборуваме за името, за рејтинзите, за кожарство дури, само за тоа што треба не. Оваа Влада се роди на едни од најтешките избори.Во овие месеци Владата успеа да ја врати довербата на граѓаните. Се вративме на трасата за ЕУ и НАТО. Ги усвоивме сите реформски приоритети. Бугарија стана наш најдобар адвокат за ЕУ по договорот со Бугарија. А се надевам наскоро ќе стане и Грција. Да дадеме поддршка за овие министри. Ова е коалиција на апсолутно сите партии за евро-атлантска Македонија“, рече Груби, кој го искритикува Заев што беа празни столчињата на местата предвидени за министрите, на што реагираше Џафери дека доволно е присуството на премиерот бидејќи е негов предлогот за нови министри.

Од опозицијата реагираа дека реконструкцијата е само козметичка.

-Ја испофаливте Владата, но не заборавајте дека наша должност е да укажуваме на грешките. Зошто оставките не ги образложат министрите, што сработиле. Тоа е отчетност и транспарентност. Оваа влада е ЌЕ влада. Да се направи реконструкција каде што нема резултати, а не за зголемување на парламентарното мнозинство“, реплицираше Зоран Илиоски.

(Макфакс)