Многумина го консумираат овој пијалак, а не се ни свесни колку е опасен

0 Shares

Напивката која многумина ја користат како прва помош против замор сериозно може да го загрози здравјето на организмот.

Многумина сметаат дека оваа напивка не е штетна, но истражувањата покажуваат дека е еден од причинителите за физички и психички заболувања.

Енергетските пијалаци содржат голема количина шеќер, 4 пати повеќе кофеин од кафето, витамини, минерали и стимуланси кои не се хранливи.

Голема количина на кофеин и шеќер може сериозно да го зголеми крвниот притисок и да го загрози здравјето на срцето. Истражувањата потврдуваат дека овие пијалаци предизвикуваат дебелеење, несоница, болки во стомакот, иритации на цревата и оштетувања на бубрезите.

Ако се пијат во големи количини ја загрозуваат психичката состојба, па се јавува агресивност, голема чувствителност на стрес и анксиозност.

Британската агенција за регулирање на стандардите за храна како дозволена дневна доза кофеин пропишува помалку од 400 мг, а само еден мал енергетски пијалак од 250 мл има 80 мг.

Истражувачите истакнуваат дека постојат доволно докази дека енергетските пијалаци негативно влијаат на здравјето, а посебно внимание треба да обратат родителите бидејќи овие напитоци се лесно достапни за децата.

0 Shares