Државата денеска се задолжи, утре ќе се раздолжи за истата сума

На аукцијата на државни хартии од вредност запишани се 1,37 милијарди денари или 22,24 милиони евра, од кои утре треба да се вратат 22,46 милиони евра за доспеани државни хартии од вредност за отплата, соопшти Министерството за финансии. Оттаму соопштуваат дека нема ново нето задолжување со денешната аукција.

На аукцијата беа запишани едногодишни државни записи без девизна клаузула во износ од 1 милијарда денари со камата од 1,00% и 15-годишни државни обврзници без девизна клаузула во износ од 337 милиони денари со камата од 3,50%.

Во текот на месец јуни по основ на претходно издадени државни хартии од вредност доспеваат за исплата 1,8 милијарди денари или 29,9 милиони евра.

Во тренд…