Германија бара работници: Ако ја имате оваа струка, веднаш добивате работа – платите до небо!

Германија е во потрага по медицински кадар, најпотребни се негувателките. Побарувачката за нив е порасната за 50 отсто од 2015 година. За негување на стари и болни лица во моментов потребни се 35.000 негувателки, соопшти Employland.de.

Предвидувањата се дека во 2030 година недостигот на персонал во здравството ќе достигне речиси милион лица – покрај 165 илјади лекари, ќе недостигаат и 800 илјади друг медицински персонал. Интернационалната родителска иницијатива „Mother Hood” во 2017 година издаде предупредување во врска со патувањата на бремените жени – во делови на Германија поради затворените породилни сали и недостигот на бабици не може да се гарантира безбедно породување. Се смета дека само голем прилив на мигранти со овие занимања може да го реши проблемот.

Во тренд…