Нови предлози за решавање на израелско-либанскиот спор за наоѓалиштата на гас и нафта

Нови идеи предложени од страна на американско посредништво би можеле да помогнат за решавање на спорот помеѓу Израел и Либан за наоѓалиштата на гас и нафта, изјавил израелскиот министер за енергетика, пренесува „Ројтерс“.

Спорот се однесува на експлоатација на морско наоѓалиште за природен гас и нафта, кое се наоѓа морската граница помеѓу двете земји. Либан протестира и поради намерите на Израел да изгради заштитен ѕид на копнената граница меѓу двете држави.

„Постојат некои нови идеи, не можам да кажам повеќе“, рекол израелскиот министер Јувал Штајниц во интервју за „Ројтерс“ додавајќи дека во процесот сега е вклучен и американскиот преговоарач за мировниот процес на Блискиот Исток, Џејсон Гринблат.