Стапката на ДДВ за становите ќе биде 5 отсто до 2023 година

Стапката на ДДВ за становите останува повластена 5 отсто во следните пет години, изјави министерот за финансии, Драган Тевдовски. Според него, направени се законски измени што ќе им излезат во пресрет на барањата на граѓаните.

„За да им се излезе во пресрет на граѓаните, Министерството направи измени и во Законот за ДДВ, со кој се продолжува повластената стапка на ДДВ од 5 отсто заклучно до 2023 година“, рече Тевдовски.