Кинеско „Ламборџини“ 30 пати поевтино од оргиналот – ваше е за само 13.000 евра (Фото)

На Кинезите не им требало многу време да го копираат Lamborghini Urus, неодамна претставениот SSUV (Super Sport Utility Vehicle).

Фантастичниот теренец доби двојник по име Hyosow.

Hyosow C60 ќе го произведува фирмата Beiqi Yinxiang Automobile.

Очигледно е дека Lamborghini Urus им послужил како инспирација на кинеските дизајнери, но забележлива е сличност и со Porsche Cayenn.

Кинескиот клон го покренува 2,0 литарски 4-цилиндрен турбобензинец со 195 коњи, додека, за споредба, Urus го покренува 4,0 литарски мотор со 450 коњски сили.

Почетната цена на кинеското „Ламборџини“ ќе биде околу 100.000 јуани, односно околу 13.000 евра.

Фото: Car News China