Полицијата спречи терористички напад во регионот – има уапсени

Косовски суд одреди притвор во период од еден месец за две лица кои се под истрага заради подготовка на терористички напад и за регрутирање во корист на екстремистички групи.

Судот соопшти дека едниот осомничен, белгиски државјанин, побарал од другиот осомничен да изврши самоубиствен напад со возило со експлозив против единици на меѓународните сили на КФОР во Косово. За таа цел, второто лице било опремено со експлозивни уреди и оружје. Според косовските власти околу 180 граѓани на земјата се дел од екстремистички групи во Сирија и Ирак

Во тренд…