Талибанците за првпат прогласија примирје за време на Рамазан Бајрам

Авганистанските талибанци за првпат досега, прогласија тридневен прекин на огнот по повод големиот муслимански празник Рамазан Бајрам. Овој чекор следи два дена откако авганистанската влада објави примирје со таа екстремистичка група.

Талибанците, во соопштение, наведуваат дека ќе се бранат во случај на било каков напад, како и дека странските сили се исклучени од примирјето и дека талибанските операции против нив ќе продолжат.

Авганистанскиот претседател Ашраф Гани пред два дена објави безусловно седумдневно примирје со талибанците, што временски се поклопува со големиот муслимански празник. Примирјето кое го објави владата ќе трае до 19 јуни. Со примирјето не се опфатени и другите екстремистички групи – Ал Каеда и Исламска држава.

Во тренд…