Доста беше дрдорење, да се фатиме за вистинска работа, им порача Путин на Г7

Рускиот претседател Влчадимир Путин возврати на најновите критики упатени кон него од неуспешниот самит на Г7 во Канада, порачувајќи им на сојузниците од групата седум, дека треба да се вратат на соработката, наместо на креативното дрдорење, пренесе „Раша тудеј“. Путин ова го изјави од самитот на Шангајската организација за соработка во Кина.

“Ништо конкретно не е кажано повторно. Солидарноста во овој поглед се јавува на некои многу несигурни места. Ми се чини дека ние треба да престанеме со сето ова креативно дрдорење и да преминеме на конкретни прашања поврзани со вистинска соработка “, рече рускиот претседател на прес-конференцијата во Кингдао, Кина, каде што се одржа самитот на ШОС.

По повикот на американскиот претседател, Доналд Трамп, за враќање на Русија во Г8, Путин, рече дека не е Москва таа која го свртела грбот на она што некогаш беше Г8.

“Што се однесува до враќањето на Русија во седумте, осумте – ние не го напуштивме тоа. Нашите колеги еднаш одбија да дојдат во Русија поради познати причини. Ќе бидеме среќни да ги видиме сите во Москва “, изјави тој.