Добра вест: Значително поевтинуваат горивата

Горивата од ноќеска на полноќ поевтинуваат за 1,5 денари по литар.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 72 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава за 74, ЕУРОДИЗЕЛ за 63,5, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) за 52,5 денари за литар.