Се слушнаа Заев и Ципрас

Премиерите на Македонија и на Грција Зоран Заев и Алексис Ципрас денеска телефонски разговарале еден час, објавија грчки медиуми.

Според пишувањата, Заев и Ципрас се слушнале во 15 часот (по грчко време) и разговарале околу еден час.

засега не се познати Детали од комуникацијата. Единствено се дознава дека разговорот поминал во позитивна атмосфера. Наводно, договорено е утре наутро двајцата премиери да се слушнат повторно за да ги продолжат разговорите.