Вака изгледа мапата на презимиња на Европа: Еве кое е најчестото презиме во Македонија

Софтверскиот инженер Марцина Сјура, сакал да открие како луѓето во Европа ги добивале презимињата врз основа на професијата.

Тој открил дека поголемиот дел од таквите презимиња во Источна Европа, а со тоа и во Македонија, се изведени од зборчето „поп“, односно свештеник, додека во Франција, Португалија, Италија, Велика Британија и Русија се изведени од зборчето „ковач“.

Така, на пример, според неговите проценки, најчесто презиме во Македонија е Поповски, додека во Русија е Кузнјецов, а во Велика Британија Смит.

Сјура изработил и интересна мапа која што ја прикажува распространетоста на презимињата кои што се изведени од професии.

На неа се гледа дека во земјите на северот во Европа доминираат презимиња кои што упатуваат на „мелничари“ – Мулер и Милер.

Во Централна и Источна Европа се среќаваат и оние презимиња што се однесуваат на „владетели“ – Дворжак и Хубер, додека Ирска има многу „поморски воини“, со оглед на фактот дека најдоминантно презиме е Марфи.

Еве како изгледаат презимињата во Европа според професиите:

Ковач – Смит, Лефевр, Фереира, Ферари, Ковачиќ/Ковачевиќ, Ковалски, Шмит, Сеп, Кузнјецов
Мелничар – Мјулер, Молер, Молина, Мељник
Свештеник – Поповиќ, Попа, Поповски, Пападопулос
Оџа – Хоџиќ, Хоџа
Владетел – Дворжак, Хубер
Пекар – Бакер
Ловец – Авци
Поморски воин – Марфи
Пастир – Цебан
Кожар – Кинунен