Во Колорадо беснеат шумски пожари, евакуирани над 2.000 луѓе

Големите шумски пожари во Колорадо, кои беснеат веќе 11-ти ден, доведоа до евакуација на 2.000 жители, изјавија денеска официјалните претставници на областа Ла Плата.

Метеоролозите објавија дека се очекува ширење на пожарот поради сувиот воздух и силните ветришта, што е многу лоша комбинација за скротување на огнената стихија.

Повеќе од 6.880 хектари беа уништени во пожар во југозападниот дел на Колорадо, а околу 800 пожарникари се борат со стихијата.

Минатата година четири милиони хектари беа уништени во пожарите во САД, објави Националниот координативен центар.