Заев и Ципрас разговара 60 минути – Предмалку Владата ги објави овие информации

Претседателот на Владата на Република Македонија Зоран Заев денеска имаше 60 минутен телефонски разговор со претседателот на Владата на Република Грција Алексис Ципрас. Разговорот се реализираше помеѓу 14 и 15 часот по македонско време.

За време на разговорот се дискутираше за преостанатите прашања и беа разгледани неколку идеи за решенија.
Во текот на утрешното претпладне ќе следува уште еден телефонски разговор.