Жедна верверица испила речиси цело шише вода од турист (Видео)

Пеколните жештини во американскиот национален парк Гранд Кањон во Аризона натерале една верверица да се спријатели со луѓето, барем на кратко.

Оваа верверица била толку жедна што се спријателила со туристите, кои со неа споделиле шише вода.

Дечкото кој неодамна со девојката го посетил овој национален парк, краткото дружење со верверицата го забележал со камера.