Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Град Скопје ќе ги обновува детските едукативни инсталации во Градскиот парк

Град Скопје од денеска ја почна санацијата на детските едукативни инсталации што се поставени во Градскиот парк и во паркот „Македонија“ во Скопје.

„Во текот на наредните денови, доколку тоа го овозможуваат временските услови, ќе се изврши шмирглање и лакирање на оштетените дрвени делови, ќе се бојадисаат металните делови на инсталациите и ќе се дополнат нивните подлоги со бела ризла.

Станува збор за просторните инсталации: „Авантурите на пчеличката Маја“, поставена на дел на зелената површина на потегот помеѓу булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Јуриј Гагарин; „Авантурите на мравката и штурецот“, поставена во дел на зелената површина на потегот помеѓу булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Јуриј Гагарин; „Волшебникот од Оз“, поставена во Градскиот парк и „Октоподот Хенк“, поставена на зелената површина на потегот помеѓу булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов и улицата Јуриј Гагарин, соопшти Град Скопје.

Град Скопје упатува апел до граѓаните во периодот додека трае санацијата на детските инсталации да не ги користат.

Во тренд…