Силување на дете ја потресе Македонија

Во полицијата во Кочани, родител пријавил дека 22-годишник од околно село извршил полов напад врз неговата 14-годишна ќерка.

По пријавата, во Медицинскиот центар во Кочани бил извршен гинеколошки преглед на девојчето, кој покажал дека таа навистина била жртва на полов напад.

Од полицијата информираат дека преземаат мерки за расчистување на случајот.