Ферари кое го конфискувале од мафијата го доделиле на полицијата (Видео)

Италијанската влада конфискувала Ферари 458 кое припаѓало на член на мафија во таа земја, а возилото потоа е отстапено на полициската управа на градот Милано.

Ферарито добило полициски ознаки и светлосна сигнализација, додека во кабината е инсталирано полициско радио.

Иако располага со перформански кои се идеални за бркање на оние кои го прекршуваат законот, полициското Ферари ќе служи за односи со јавност и едукација со јасна порака дека злочинот не се исплаќа.

Мафијашкото Ферари сепак нема долго да остане во сопствеништво на полицијата, со оглед на тоа што возилото на крај ќе биде продадено на аукција, а парите ќе бидат уплатени во фонд за жртвите на организираниот криминал во Италија.