Наместо да нѐ изолира, Иванов нека се изолира од политиката, реагира Владата

За македонската иднина не одлучува Иванов, туку граѓаните, реагира Владата по обраќањето на претседателот Ѓорге Иванов, кој ја отфрли можноста да го потпише договорот со Грција за надминување на спорот.

„Владата со жалење констатира дека Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов во своето обраќање до јавноста не успеа да се издигне над сопствената немоќ и да ја види перспективата што се отвора пред нашата држава со договорот што овие денови го финализираа и го договорија владите на Република Македонија и на Република Грција. Иванов нема чувство на одговорност и презема дејства на недозволива манипулација, со што им штети на државата, на граѓаните и директно дејствува против јакнењето на македонскиот идентитет“, се вели во реакцијата на Владата.

Според нив, Иванов не се залага за решенија и не работи за интеграција на Македонија во НАТО и ЕУ, а тоа за граѓаните се приоритети од највисок национален интерес.

„Наместо да ја кочи македонската иднина и да ја турка нашата земја во изолација, најдобро е Иванов сам себе си да се изолира од политичката сцена“, порачаа од Владата и го повторија нивниот став дека со овој договор се потврдува и зајакнува македонскиот етнички и културен идентитет.

Во тренд…