Раздвижено во вилата на Иванов: Претседателот на владата Заев пристигна во вила Водно

Само шест минути траеше средбата на која премиерот Зоран Заев и министерот за надворешни работи Никола Димитров, го информираа претседателот Ѓорге Иванов за постигнатиот договор со Грција.

Како што информира репортерот на „Макфакс“, владиното возило со полициска придружба, во претседателската резиденција пристигнало во 10.03 минути, а Вила Водно ја напуштило во 10.09 минути, по што портите биле затворени.

Инаку, според официјалните изјави на премиеритe на Македонија и Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, договорено е новото име на Македонија – Република Северна Македонија (Republic of North Macedoniia) со превод на сите јазици, за севкупна употреба и ќе се прецизира со амандман во Уставот.

Од друга страна пак, Иванов инсистира на решение кое нема да предизвика уставни промени. Македонскиот претседател во текот на вчерашниот ден оцени и дека несериозно и неодговорно е прашањето за името да се решава телефонски и по пат на личен договор меѓу премиерите на двете држави.(Makfax)