Борисов ја откажа средбата со македонскиот претседател Иванов

Бугарскиот премиер Бојко Борисов ја откажал средбата со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, која е планирана за утре, објави бугарски „24 часа“.
Иванов, кој веќе се наоѓа во Бугарија, според бугарските медиуми, треба да го прими неговиот колега Румен Радев. Средбата меѓу Борисов и Иванов е дел од официјалната програма на посетата на Иванов.

Премиерот Борисов ја информирал министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захарова, да не го прима македонскиот претседател, тврдат извори за „24 часа“.

Според информациите, причината за откажувањето на средбата било арогантното однесување на Иванов во врска со постигнувањето на решението за долгогодишниот спор за името со Грција.

Бугарските медиуми оценуваат дека откажувањето на средбата од бугарскиот премиер претставува исклучителен скандал. Како што пренесуваат, не само Атина туку и високи прететсвници од ЕУ се разочарани од однесувањето на македонскиот претседател и кој, според бугарските медиуми, на многу лош начин го саботира процесот за постигнување договор, како и на евро-атлантските интеграции на Македонија.

Во тренд…