Вечерва се огласи премиерот: Зоран Заев излезе со моќна порака

Вечерва на социјалните мрежи се огласи премиерот Зоран Заев, тој на фејсбук напиша:

– На вечерашната 73. седница го разгледавме и усвоивме извештајот за договорот за решавање на македонско-грчкиот спор за името и за стратегиско партнерство.

Силно верувам во договорот, бидејќи со јасен и признаен идентитет за посебноста на македонската нација конечно се затвора ова прашање и се отвора иднината за земјата. Оваа Влада на Република Македонија треба да е горда на ова решение. Со оваа одлука испишуваме нова страница во историјата на нашата земја, порача Заев.

Во тренд…