Вечерва ВМРО ДПМНЕ со неочекуван потег – најавија демонстрации против промена на името

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вечерва изјави дека на седницата на Извршниот комитет на партијата, со единствена точка на дневен ред, како што рече, капитулантскиот договор, кој Владата има намера да го потпише со нашиот јужен сосед, едногласно било заклучено дека решението е комплетно спротивно на државничките и националните интереси на Република Македонија.

„Извршниот комитет едногласно заклучи, дека се работи за решение кое е капитулантско и уште еднаш ги повторивме позициите на партијата од минатото, а тоа е дека ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот со цел проемена на името“ рече Мицкоски.

Не постои меѓународен договор, рече Мицкоски, кој се ратификувал од едната страна а не се ратификувал истовремено и од другата страна.

„Ние ќе преземем обврски, под услов да ги извршиме, каква обврска презема Грција и која е мерката, што доколку Грција не ја реализира својата обврска.Како тоа Владата презема обврска да изгласа договор во Собранието со просто мнозинство, а се обврзува да направи системски измени во Уставот кои се со двотретинско мнозинство. Самиот договор е против уставен“ порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој ги повика сите граѓани на Република Македонија кои имаат идентичен став како ВМРО-ДПМНЕ ја осудуваат политиката на СДСМ, да им се придружат на протестниот марш во недела во Битола.

(Makfax)

Во тренд…