Вестите на интернет страницата Centar.mk може да се користат исклучиво за лично информирање. Забрането е превземање без писмена дозвола на редакцијата. Забрането е секакво ре-емитување на текстовите, фотографиите и видеата објавени на оваа страница без посебна писмена дозвола добиена по електронска пошта од contact@centar.mk. Со праќањето на mail до contact@centar.mk, како и другите официјални мејлови ги предавате правата за слободно објавување кон Centar.mk (на веб адресите www.centar.mk,p на сите текстови, фотографии и други мултимедијални содржини кои се содржани во мејловите, како и оние кои содржат дополнително прилог (attachment).
Демонстрантите со неочекуван потег: Сите се упатија пред вилата на Иванов, му ја пеат “Излези момче”
Демонстрантите од пред Собранието вечерва се упатија пред Вила Водно, во знак на поддршка за претседателот Ѓорге Иванов.
Интонирајќи ја македонската химна, а потоа пеејќи ја навивачката „Излези момче“ и скандирајќи „Иванов“ и „Македонија“, демонстрантите ја поддржаа одлуката на Иванов кој се спротивстави на договорот со Грција и побараа прием кај него.
Сепак, претседателот вечерва не бил во резиденцијата, а од неговиот кабинет најавија дека во текот на утрешниот ден ќе ги прими претставниците на средба.
Претхоно, демонстрантите од пред Собранието порачаа дека е страшно да се менува државното име и никој не смее да се прашува за тоа. Тие истакнаа дека меѓународната заедница требала да ја прифати земјата под уставното име и го повторија својот став дека договорот е против сите правила.