Фејсбук Месинџер ќе воведе промена која сигурно нема да ви се допадне

Фејсбук наскоро во Фејсбук Месинџер би можел да додаде видео реклами кои ќе се покренуваат автоматски.

Имено, во Фејсбук тестираат нов метод на огласување, кој вклучува рекламни видео снимки кои сами се покренуваат во апликацијата за допишување.

Тестирањето започна на 18 јуни, рекол шефот на одделот за огласување за Месинџер Стефанос Локакос. Од реакциите на корисниците зависи дали ова видео рекламирање ќе стане дел од Месинџерот.

– Не знаеме дали ќе преминеме во широка употреба, но тестирањето на статичните огласи не покажаа никакви промени во начинот на користење на апликацијата, додал.