Инвестиција вредна 89,6 милиони евра: Мостот кој се гради во Црна Гора ќе биде највисок во бивша Југославија

Изградбата на автопатот Бар – Бољаре во Црна Гора е во тек, а во рамки на овие работи ќе биде изграден и највисокиот мост во регионот.

Владата на Црна Гора објави нови снимки од градилиштата на автопатот Бар – Бољаре и мостот Морачица, кои се направени од хеликоптер.

Најфасцинантно изгледа мостот Морачица, со своите пет столбови, кој ќе биде највисок мост во бивша Југославија.

Првиот црногорски автопат го гради кинеската компанија CRBS, а инвестицијата е вредна 89,6 милиони евра.