Вестите на интернет страницата Centar.mk може да се користат исклучиво за лично информирање. Забрането е превземање без писмена дозвола на редакцијата. Забрането е секакво ре-емитување на текстовите, фотографиите и видеата објавени на оваа страница без посебна писмена дозвола добиена по електронска пошта од contact@centar.mk. Со праќањето на mail до contact@centar.mk, како и другите официјални мејлови ги предавате правата за слободно објавување кон Centar.mk (на веб адресите www.centar.mk,p на сите текстови, фотографии и други мултимедијални содржини кои се содржани во мејловите, како и оние кои содржат дополнително прилог (attachment).
Нова апликација покажува каде има полициски патроли, камери и радари
Од денес во цела Хрватска достапна е бесплатна мобилна апликација Моја Патрола, која во секој момент открива каде се наоѓаат полициски патроли, камери и радари.
На кој принцип работи Моја Патрола?
Принципот на работа е едноставен – оној кој ќе забележи полиција со еден клик пријавува локација каде се наоѓа. Корисниците добиваат известување за полициските патроли кои ги пријавиле други корисници.
Секој корисник во секој момент може да потврди или да ја негира локацијата на патролите. Сложениот алгоритам ја пресметува сигурноста на објавите, така што податоците кои се прикажуваат се максимално прецизни.
Со оглед на тоа што апликацијата работи по принципот „корисник за корисник“, нејзината цел е корисниците меѓусебно да си помагаат објавувајќи што поточни информации. Секој глас се бележи, па доколку сте дале точни информации за локација на патрола, вашата доверба расте. Лажните информации пак ја намалуваат. Апликацијата ги известува корисниците и за точноста на секоја информација.