Без струја делови на Чаир и Сарај

Од „ЕВН Македонија“ АД е добиено известување дека денеска поради технички зафати во дистрибутивната електромрежа, без електрична енергија од 8.30 до 14.30 часот ќе останат корисниците од дел од улицата Архиепископ Ангелариј, поточно објектите во околината на горниот влез во Старата чаршија, општина Чаир.

Од 9 до 14 часот без струја ќе бидат корисниците од село Рашче, општина Сарај.